Поплавите кои го погодија регионот покажаа дека природата е немилосрдна понекогаш. Десетина илјади луѓе едвај се спасија, но ги изгубија своите домови кои што ги уништи водата.
На едно од решеијата како куќата да ги издржи брановите работи британската компанија „Baca Architects”, која проектира куќи отпорни на поплави.
Во овој случај станува збор за куќа која има многу важна карактеристика, а тоа е дека може да плови на вода. Британската компанија ја дизајнирала куќата и ја тестирала на често поплавени делови од реката Темза.
Како што наведува компанијата, тестот поминал многу успешно. Во текот на периодот без поплави, куќата се наслонува на стабилни темели, додека во случај на поплава, целата конструкција се подига и плови над водата.
За да се спречи водата да ја однесе куќата, четири вертикални подлоги се распоредени во близина на страичните ѕидови.
Во куќата е инсталиран и звучен систем кој се огласува кога нивото на водата поминува одредено ниво и кога мора да се напушти објектот.
Погледнете го видеото: