Луѓето уживаат во она што е околу нив, но понекогаш за да се долови убавината на некој предел потребно е да се погледне од различна перспектива. Британија е земја со долга историја, прекрасни природни пејсажи, но и човечки креации кои можат да ве воодушеват. Да се види сето тоа од воздух е уникатно доживување.

Овие осумнаесет фотографии се екстремно мал дел од преку милион фотографии од птичја перспектива кои ќе бидат дигитализирани и зачувани за идните генерации. Фотографиите се направени во период од речиси сто години, меѓу кои се и првите направени од компанијата Aerofilms основана од Франсис Вилис и Клод Греам Вајт во 1919. Сите овие фотографии ќе бидат поставени на вебсјтот Britain From Above кој треба да започне да функционира во 2011. Проектот е финансиран од британската влада која инвестира 1,7 милиони фунти за зачувување на овие уникатни и ретки фотографии.