Дали некогаш сте посакале да бидете таен агент како Џејмс Бонд? Епа тогаш британската влада на официјалниот вебсајт накусо објави оглас за положба “Target Elimination Specialist”, работно место со шифра – 007.
За жал ова не било вистински оглас туку само шега која во меѓувреме била отстранета. Пред да биде тргнат, огласот содржел доста интересни услови – пет или повеќе години искуство и универзитетска диплома. Владиниот вебсајт привлекол критики поради неефикасноста и честите грешки, а овој оглас кој ветувал службен Walther PPK и ракетен ранец само ги потврдува тие критики.
Адресата за електронска пошта во огласот била mi6recruitment@hotmail.com, но бидејќи огласот е тргнат нема да можете да аплицирате. Но искрено, и така најверојатно не ги исполнувавте условите.