Британија доби датум за „Брегзит“

Точните податоци за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, популарно наречено „Брегзит“ веќе се познати, до минута.

Во Амандманот од нацрт-законот за „Брегзит“ како конечен датум кога Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија е внесен 29 март 2019 година, во 23:00 часот.

Овој Амандман моментално е на доработка во Европарламентот, како и во Парламентот на Велика Британија. Кога истиот ќе биде усвоен, ќе се чека само на формалностите со кои точно ќе се знае што сè добива, а што губи Британија со напуштањето на ЕУ.

Прочитајте и:  Министри на ЕУ членки: Путин продава лаги за руската економија, која со „советизацијата“ оди кон пропаст
- Реклама -