Британија: Армија, војници, кражба (?)

Министерството за одбрана на Велика Британија ја ревидираше штетата која настанала како резултат на кражби и измами од 2007 година досега, објави The Times. Според информација на изданието за помалку од седум години од министерството е украдена опрема и медицински препарати во вредност од над 7 милиони фунти.

Сепак, она што го привлече медиумското внимание ширум светот е информацијата дека меѓу украдените предмети има оружје од армиските касарни, опрема за атомска подморница, како и лекови и апчиња против импотенција.

Само украдените таблети – Виагра чинат 6 илјади фунти. Министерот за стратегијата за меѓународна безбедност на Велика Британија, Ендрју Морисон,  рече дека неговото министерство гледа многу сериозно на овие кражби и новосоздадениот  оддел ќе се зафати со овие проблеми.

- Реклама -