Британецот Џонатан Тејлор навистина се има заљубено во најпопуларниот пијалок на Балканот – ракијата.Имено, тој инспириран и восхитен од Бугарија и нивната гостопримливост, се најде на удар на интернет просторот со „Песна за ракијата“.
Џонатан вели дека песната му е за сиромаштијата во Бугарија, за потешкиот начин на кој луѓето живеат тука, но исто така е и пофалба на ракијата.
„Песната е бесплатна. Ако правам песна за сиромаштијата, не сакам да добивам пари од неа”, додава тој.
Избегав од Велика Британија и дојдов тука поради начинот на живот. Најубавото нешто во Бугарија е начинот на живот, гостопримливоста, споделува Џонатан.
„Времињата се тешки, но додека имаме ракија ќе сме среќни. Не се враќајте назад што и да се случи“.
Со оваа песна сакам да кажам: Ви благодарам. Ве сакам, вели Британецот.