Во процес кој повеќе се чини како алхемија одошто наука мала Британска компанија открила начин за создавање гориво од вода и воздух.
За да го постигнат ова, инженерите од Air Fuel Synthesis создале пет литри гориво од јаглерод диоксидот екстрахиран од воздух и водород добиен од вода кои потоа биле искомбинирани со каталист за создавање на метанол. Метанолот потоа бил претворен во гориво. Целиот хемиски процес за создавање на синтетичка хидрокарбон течност трае три месеци и е дел од проект за создавање обновлив извор на еколошко гориво кој чини 1,6 милиони долари.
А бидејќи во процесот била користена обновлива енергија научниците велат дека би било возможно да се создаде јаглеродно неутрално гориво кое ќе може да се користи како обичен бензин. Компанијата всушност предвидува дека ќе може да создаде поголема фабрика за комерцијално производство која ќе создава околу еден тон (1.200 литри) дневно. Тие се надеваат дека ќе можат да создадат еколошко авијациско гориво.
Концептуално процесот е како согорување наназад, во основа е сличен на процесот кој го користат растенијата – тие претвараат јаглерод диоксид и вода во енергетски-богати молекули на шеќер. Според Independent, весникот кој прв ја објави приказната, компанијата е легитимна – исто како и нивното откритие.
Тим Фокс, од Institution of Mechanical Engineers in London, изјавил: „Сево ова звучи премногу добро за да биде вистина, но е вистина. Тие го направиле ова и јас лично се уверив во тоа. Мало пилот растение го фаќа воздухот и го екстрахира јаглерод диоксидот по веќе познати принципи. Процесот користи добропознати и добро утврдени компоненти кои тие ги составија и покажаа дека можат да работат.“
Прототипот е сè уште мал и неефикасен за комерцијално производство, но дополнително истражување и рафинирање би можело да го промени сето тоа. И има доста мотивација за системот да стане реалност – не само за продажба на ново синтетичко гориво, туку и за доброто на животната средина. Компанијата се надева да користи јаглерод диоксид од атмосферата, но додека тоа да стане реалност, тие ќе користат индустриски извори. [Pioneering scientists turn fresh air into petrol in massive boost in fight against energy crisis]