Одкако неодамна ја раскина веридбата со Џејсон Травик, Бритни Спирс сега излегува со новиот дечко Дејвид, чие презиме сеуште не е познато за пошироката јавност, пишува „Female First“. Според таблоидот тој е само „обично“ момче кој работи како правник во адвокатска фирма.
Бритни зад себе има еден неуспешен брак со Кевин Федерлајн, како и раскината веридба со Џејсон Тревик, но сепак, и понатаму ја продолжува потрагата за „вистинскиот“.
Пејачката на 14 февруари е видена во суши бар, со новиот дечко Дејвид, со кого го поминала и Денот на заљубените. За само половина час парот потрошил 45 евра, по што го напуштиле барот.