Книгата односно третиот дневник на Бриџит Џоунс, популарната хероина која е несреќна во љубовта од писателката Хелен Филдинг пристигнува во ноември.
Филдинг, инспирацијата за оваа серија на книги ја добила од својата колумна за 30-годишна сингл жена која живее во Лондон во деведесетите. Првата книга, „Дневникот на Бриџит Џоунс“ беше издадена во 1996 година, додека продолжението „Бриџит Џоунс: Работ на разумот“ е издадено во 1999 година. Двете изданија на романот беа продадени во повеќе од 15 милиони примероци и објавени во 50 земји. Популарноста само се зголеми со адаптацијата на дневниците на големиот екран, како успешни романтични комедии со Рене Зелвегер, Колин Фирт и Хју Грант.
„Мојот живот продолжи поматаму исто така и на Бриџит“ изјави Филдинг. „Се надевам луѓето ќе имаат толку забава при читањето како што јас имав при пишувањето.“
Дејствието во романот ќе се одвива во Лондон, во денешно време и ќе ја прикаже Бриџит во сосема нова фаза од животот.
Исто така, оваа година се очекува да излезе и филмското продолжение, со наслов „Бебето на Бриџит Џоунс“, кое требаше да излезе минатата година, но поради проблеми со сценариото и незадоволството на Хју Грант од истото сеуште не е готово.