Неколку големи спојувања и банкроти ќе „убијат“ некои од најпознатите светски брендови оваа година.
Доколку не излезат како победници во егзистенцијалната борба овие брендови ќе станат „зомби“ на пазарот затоа што се соочуват со проблеми за кои се претпоставува дека ќе стават клуч на нивните врати оваа година.
Произведувачот на спортски автомобили Lotus веќе претходно оваа година мораше да ги демантира гласините за банкрот, додека продажбата по квартал изнесува само 35 возила.
Microsoft го гаси Hotmail, за да отстапи место на новата верзија на Outlook.
US Airways ќе исчезне поради спојување со American Airlines. И покрај тоа што главниот збор ќе го има US Airways новата компанија ниту со името American Airlines Group нема да потсетува на овој авиопревозник.
И опстанокот на Avon е доведен во прашање. Компанијата по падот на продажбата, истрагата за корупција и други проблеми донесе нова извршна директорка во април минатата година. Со цел да заштеди 400 милиони долари во следните три години компанијата почна со кратење на трошоците, ги намали дивидендите, отпушти одреден број на работници, но и излезе на некои помалку профитабилни пазари како Виетнам и Јужна Кореја.