Сигурно се сеќавате на Иван Стоиљковиќ од Хрватска, на чие тело се лепеа метални предмети. Се чини дека тоа не е единствениот случај на „магнетизам“ во светот. Запознајте го 11 годишниот Пауло Давид Аморе, кој се чини дека ја поседува истата дарба.
{youtube}zCkrkt3Df1s{/youtube}
Скептиците одново започнаа со анализи на видеото. Повторно е валиден аргументот дека тефлонот и паричките се лепат за кожата, а тие воопшто не реагираат со магнети (т.е. дека се работи за истото наводно пореметување на кожата што предизвикува претерано лачење на заштитната маст, за која се лепат предметите и дека ако малиот Пауло се избања, „магнетизмот“ ќе исчезне.
Од друга страна, постојат и луѓе што тврдат дека во овој случај постои и скриен трик, т.е. дека момчето и таткото можат да го изведат ова „чудо“ единствено кога се позиционирани пред црвениот столб (кој можете да го видите на видеото), кој наводно имал силен магнетизам.