Бракот на Елена Ристеска е во криза?

Српскиот весник „Блиц“ пишува дека пејачката Елена Ристеска го крие својот сопруг од јавноста.

– Чуден е нејзиниот брак. Елена не го споменува сопругот воопшто, како да не постои ! Во Белград живее сама во близина на Кошутњак во стан кој и го плаќаат од шоуто. Тој никогаш не доаѓа во Белград а таа ретко оди за Скопје. Кога ќе ја прашаме за сопругот, избегнува да говори за него – вели за „Блиц“ , соработник од шоуто.

На прашањето на „Блиц“, зошто не доаѓа нејзиниот сопруг да ја поддржува, Елена искоментирала:

– Па тој живее во Скопје, и многу е зафатен. Се занимава со приватен бизнис. Ќе дојде во Белград да ме бодри во финалето.

 

- Реклама -