Бракот како стапица

 

20 проценти  од женетите мажи тврдат дека се чувствуваат во сопствениот  брак  како во стапица,  и не можат да го напуштат поради финансиските тешкотии, со кои би се соочиле, ако го сторат тоа.

Една десетина од Британците сметаат дека се блокирани, живеејќи  во брак без љубов , а 15 проценти се изјасниле дека сакаат да поминат под „венецот“ со друг човек.

Мажите, проблемот од кој произлегуваат   ваквите ставови, го пронаоѓаат во лошиот секс, а жените го навеле како причина недостигот на доволно забава и прекумерните грижи за пари.

brak 2

Една третина од жените признале дека размислуваат да  го прекинат бракот, но стравот дека нема самите  да се справат  финансиски ги терал да го задржат своето семејство. Мажите пак се „затекнати“  од неподготвеност да го растурат семејството.

„Сеуште во општеството преовладува мислењето дека треба да останете заедно без разлика колку мизерно се чувствувате. Разводот, се разбира, секогаш треба да е последниот чекор кој двојката го презема, но е навистина тажно тоа што стотици парови остануваат заедно без разлика колку мизерно се чувствуваат , бидејќи се срамат од финансиски проблеми. Кога функционира, бракот е фантастичен, но кога не функционира, може да биде ужасно време – за двете страни, но и  за децата .Разводот може да биде ослободувачко искуство и истражувањата покажуваат дека децата се среќни ако нивните родители се среќни “, изјави Аманда МекАлистер, директор на адвокатската канцеларија за семејно право – Слејтер енд Гордон, која го спровела истражувањето.

brak 1

Една четвртина од паровите изјавиле дека веќе не се во љубов. Најчестите расправии помеѓу партнерите се за пари и за другите членови на семејството.

Над половина од испитаниците изјавиле дека веруваат дека нивниот партнер го согледува крајот  и посочиле дека стандардот започнува да се  намалува, за  помалку од три години по почетокот на бракот.

brak 3

Една третина од учесниците во истражувањето мислат  дека нивниот бракот нема да трае вечно , а нешто повеќе од половина се категорични дека тој е за цел живот.

married_couple_mature

 

 

- Реклама -