Браќата Вачовски се појавија како брат и сестра (видеа)

Одамна беше познато дека режисерите на трилогијата „Матрикс“, браќата Вачовски веќе нема да бидат браќа, бидејќи Лери уште пред една деценија решил дека сака да биде жена. Тој најпосле стана таа и сега се вика Лана Вачовски.

Првото појавување на Лана Вачовски како жена се случи на видео коешто е режисерски коментар на филмот Cloud Atlas, дело во режија на братот и сестрата Вачовски, како и режисерот на Run Lola, Run – Тим Тиквер. Тројцата идејни творци на новиот филм објаснуваат како дошле до идејата за приказната што до крајни граници ги тестира способностите на главните актери, меѓу кои и Хали Бери и Том Хенкс, коишто играат по повеќе ликови во приказната.

{youtube}3MrotEnTUt0{/youtube}

Трејлер: Cloud Atlas

{youtube}hWnAqFyaQ5s{/youtube}

- Реклама -