Браќата и сестрите делат гени, но не и карактери

браќа и сестриАко имате браќа или сестри, тогаш најверојатно имате драстично различни карактери. Ова е речиси сигурно и покрај тоа што потекнувате од исти родители. Но вие не сте исклучок.

Студии извршени врз карактерите на браќа и сестри покажуваат дека во 80 проценти од случаите, дури и кај луѓе кои имаат исти родители, пораснале во исти услови и на иста локација, браќата и сестрите имаат различен карактер. И покрај големиот број на студии на тема воспитување, дури во осумдесетите години од минатиот век биле споредени карактерите на браќа и сестри.

Научниците сè уште не можат да се согласат зошто две деца со ДНК од истите двајца луѓе можат да пораснат во луѓе со, понекогаш, целосно спротивни карактери. Постојат голем број на теории но најзастапена е теоријата на дивергенција – свесно или несвесно, децата ќе се одвојат од браќата и сестрите за да немаат директна конкуренција за вниманието на своите родители. Но, причина за овој феномен може да биде и малата разлика во комбинацијата на гени која создава мозоци кои различно го гледаат светот. [Siblings Share Genes, But Rarely Personalities]

- Реклама -