Божјата честичка всушност е проклета

Научниците од ЦЕРН соопштија дека се речиси сосема сигурни оти имаат пронајдено доказ за Хигз-бозон. Но, она што сите го нарекуваат „Божја честичка“, всушност е проклета честичка.

Откритието е направено. Тоа е сигурно. Останува уште минорна шанса, честичката што била откриена да се покаже како нешто друго, а не нештото што на целата материја во универзумот ѝ дава маса. Доколку наодите сепак се покажат како вистински, ова откритие сигурно ќе биде во конкуренција за научно откритие на векот (иако тој тукушто започна).

Во медиумите од секаков вид акцентот се стави на терминот „Божја честичка“. Се правеа шеги, се зборуваше за тоа дека науката го потврдила постоењето на божество, дури се отиде до таму што беше прогласен и сигурен пораз за атеизмот… Проблемот е во тоа што никогаш не постоела „Божја честичка“.

За постоењето на овој термин можеме да му заблагодариме на физичарот-нобеловец, Леон Ледерман, кој во 1993, во својата книга, „Популарна наука“ за првпат го има објавено. Поточно, тоа е дело на неговиот издавач, кој решил дека името што научникот го предложил поради неможноста да се „улови“ честичката со тогашната технологија – „Проклетата честичка“ (Goddamn particle) – е премногу контроверзно за научна книга. Затоа го скусил првиот збор и како последица од тоа, ги добивме сите лоши шеги што некој може да ги посака. [Scientist wanted to call it the ‘Goddamn particle’ because it was so elusive]

- Реклама -