„Божиќно чудо“ топи срца на друштвените мрежи: Вака изгледа комшиска слога (ФОТО)

Сте размислиле ли некогаш зошто има натпревари за најубаво украсен двор или куќа, а нема за влез или зграда? Еве ние сега размисливме и првото што ни текна е дека на никој не му ни текнало такво нешто, бидејќи таква комшиска слога постои само во приказните.

Е па од Загреб ни стигнува строг демант. Во Фејсбук групата „Zakaj volim Zagreb“ се објавени фотографии од група комшии кои тимски си ги украсиле балконите. Дечкиве така фино се договориле, што ниту една боја не се повторува, а однадвор се добива впечаток како некоја уметничка душа да ја пуштиле да ги офарба седумте балкони (мора да е рекорд по број на сложни комшии во една вертикала) по желба.

Загрепчани се воодушевени и од глетката, и од комшиите. Веројатно ова е тоа што го викаат „Божиќен дух“. Ај па здравје, и за Скопје/Македонија некогаш вака да пишеме.

 

 

- Реклама -