Започнува со едоставна но тажна реченица: „Здраво, моето име е Бренда Шмитс. Кога ќе го добиете писмово јас веќе сум ја изгубила битката со ракот.“
Вака започнува искреното и тажното писмо, со датум 3-ти август 2011-та година, кое беше направено да ги исполни желбите на мајката на четири момчиња- две години по нејзината смрт.
Бренда Шмитс и нејзиниот сопруг Дејвид биле среќна двојка и родители на Картер, Џош, Џастин и Макс кога Бренда била дијагностицирана со стадиум четири од рак на јајчници во јануари 2011-та година. Бренда починала осум месеци подоцна, на возраст од 46 години.
Недели пред да го загуби животот, мајката напишата писмо до локалната радио станица за Божиќната програма. Секоја година, радиото од Ајова за Божиќ исполнува желби од многумина слушатели- а Бренда отсекогаш била обожавател на великодушноста на станицата и нејзините поддржувачи.
Екипата од програмата го повикала Дејвид во емисијата во која секој Божиќ гостат некој свој слушател, а тој беше и тоа како изненаден кога дозна дека за него имаат писмо од покојната сопруга.
“Кога ќе го примиш ова писмо, јас најверојатно ќе ја изгубам борбата со ракот. Им реков на пријателите дека кога ќе ме преболиш и продолжиш со животот, да ти го испратат ова писмо на тебе и на сите во радио станицата”.
Првата нејзина желба бил платен третман во некое спа одморалиште за новата жена на Дејвид, Џејн, која ја запознал во август 2012 година.
“Го заслужува тоа затоа што сигурно е уморна со сите тие дечиња. Нека биде насмеана и нека знае дека и се заблагодарувам за сите нејзини напори”, напишала Бренда.
Таа побарала и “магично патување” за целото семејство и на крајот, платена забава за докторите од болницата во која се грижеле за неа додека била болна.
“Во оваа емисија исполнуваме желби повеќе од 20 години, но никогаш сме немале ваква желба”, рече директорот на радио станицата, Скот Ален.
Покрај писмото со желби, таа напишала и посебно писмо за Џејн, а радио станицата и ги исполни сите три желби со помош на локалните спонзори кои го испратиле семејството на пат во “Disney World”.
“Сите во собата плачеа кога го добивме писмото. Не натера да посакаме да направиме нешто за неа”, заклучи Ален.