Јелена Карлеуша се појави на Фејсбук по повод Божиќ и нагласила дека е атеист, и дека не верува во Бога, туку во луѓето.
Ја пренесуваме нејзината порака и фотографија која ја објави на својот профил, во која е во када, во градник и црн прстен во облик на крст.
„Јас сум атеист. Не верувам во Бог. Сум видела многу зла во негово име. Верувам во луѓе. Но не и во оние кои се молат на Бог, а потоа прават лоши работи со насмевка. Пазете се од такви. Верувам во љубовта. Верувам во доброто. Мора да победи. Мора. Не ги делам луѓето по вера, по националност, боја на кожа, сексуална ориентација, општествена класа. Постои само една религија- да се биде човек. А како човек, не честитам верски празници. Го честитам животот. Честитам на секој кој живее како лав, гордо, чесно и вредно. И кој останува лав до крај. Ви посакувам на сите здравје, мир, љубов и благосостојба. Борете се за тоа!
Ваша ЈК.“