Божествената пропорција

Откако постојат математиката, ликовната уметност и архитектурата, а потоа фотографијата и дизајнот, постои и златниот пресек.

Се тврди дека големиот Леонардо да Винчи ја открил т.н. Божествена пропорција. Истата се означува со грчката буква φ и е апсолутен симбол на хармонија и благодет.

Така уметниците и скулптурите на ренесансата ги создавале своите портрети, а ремек делото на Микеланџело ја одредило идеалната точка во која прстот на Бог и на првиот човек ќе се сретнат во “Создавањето на Адам”, познатата фреска во Рим.

Creación_de_Adán_Miguel_Ángel-1024x465
Создавањето на Адам – Микеланџело

Други сметаат дека идејата се појавила многу порано и е видлива на Партенон во Атина, образуван од 5 златни триаголници. Затоа ознаката на златниот пресек доаѓа од првата буква на креаторот на старогрчкиот храм – Фидиј. Трети го откриваат уште во египетските пирамиди, четврти – во природата и астрологијата, петти – во нумеричката прогресија на Леонардо Фибоначи.

golden-ratio

Италијанскиот математичар откри многу броеви, при што секој се образува од износот на претходните два – 1, 1, 2, 3, 5, 8, итн, со тоа што зголемувањето може да биде применето во редица природни објекти, на пример Шишарките , цвеќињата и школките.

Фотографија од 1965 година, Мартин Франк

Ако видите слика или фотографија, погледот ви паѓа токму таму. Затоа и технолошките компании имаат воспоставено широк формат 16:9, a можеби и вашиот телевизор е токму таков.

Најчесто не станува збор за слика насликана со месеци, или уметничко дело, создадено по низа пресметки. Сликите во продолжение се одлични погодоци на фотографи кои, како што велат, се нашле на вистинското место во вистинскиот момент.  Единственоста на кадрите доаѓаат од тоа што се фатени спонтано.

Тепачка во украинскиот парламент, радосен момент на фудбалерите на Челзи или едноставно група пијаници во Манчестер на новогодишна прослава….

- Реклама -