Босанка прогласена за најубава жена во светот

Аида Џапо зад себе остави многу познати светски убавици и со тоа стана најубавата жена на светот, според изборот на порталот „Beautiful Women Pedia“. Најпознатиот пин-ап модел од Босна и Херцеговина победи во конкуренција со 50 други девојки кои беа вклучени во изборот.

Џапо чие уметничко име е Ида ван Мунстер, е опишана како прекрасна и харизматична дама со единствен животен стил, а на Фејсбук брои преку 36 илјади фанови.

Таа зад себе ги остави познатите убавици како Ирина Шаек, Меган Фокс, Адриана Лима, Моника Белучи, Ева Мендез и други…

Аида себеси се опишува како „винтиџ“ девојка која живее во модерно време, со чувство дека е родена во погрешна ера. Страст и е се што доаѓа од периодот меѓу 1920 и 1960 година и е голема обожавателка на холивудските икони. Ние сметаме дека секако постетува на нив.

Во продолжение, погледнете ја Сараевката која со својот необичен имиџ го освои светот.

640-16568-1262-1360693548