Куќата на педесет годишниот Радивоје Лајиќ од Горни Лијаци близу Приједор во северна Босна, од ноември 2007, е погодена од метеорити 6 пати. Бидејќи шансите за ова се многу мали, сопственикот е убеден дека тој е цел на одмазда од вонземјани, иако не знае што им згрешил.

Научниците од Белградскиот Универзитет потврдиле дека се работи за вистински метеорити а не обични камења. Господинот Лајиќ стана популарен пред две години по падот на петтиот метеорит. Досега сите шест удари се случиле кога врнело.
„Не се сомневам дека сум цел на вонземски напади“ рекол Радивоје Лајиќ „Си поигруваат со мене. Не знам зошто ми го прават ова. Кога врне не можам да спијам зашто ми е страв дека ќе има нов напад.“
Покривот на неговата куќа е сега засилен со челик. Пари за челичните греди Радивоје Лајиќ обезбедил откако продал еден од метеоритите на универзитет во Холандија.
„Но овие метеорити му донесоа и среќа на моето семејство, зашто запознавме многу луѓе од целиот свет кои беа привлечени од нив“ додаде тој „Имавме толку многу посетители што планирам да направам мал музеј во дворот.“
Научниците сега ги истражуваат магнетните полиња околу куќата во обид да ги објаснат многуте удари. [Man claims aliens targeted his home with meteorites]