Борисов бара ревизија на издадените бугарски пасоши

Бугарскиот премиер Бојко Борисов побарал од бугарското Министерство за внатрешни работи и Државната агенција „Национална безбедност“ (ДАНС), да направат проверка на издадените бугарски документи за идентитет на странски државјани, соопшти прес-службата на бугарската влада. На мета ќе бидат документите издадени во последниве пет години.

Како што пренесува бугарската новинска агенција БГНЕС, Борисов побарал резултатите од ревизијата да бидат достапни што е можно поскоро и да му бидат доставени лично.

Според бугарската министерка за правда – Цецка Цачева, во периодот од мај 2017-та до мај 2018-та, бугарско државјанство (т.е. пасоши) побарале околу 10.000 македонски државјани. Барањето на Борисов ги подгреа стравовите од одземање и поништување на бугарските пасоши стекнати по коруптивни патишта низ бугарските државни институции.

 

- Реклама -