Од болницата Сент Томас во Лондон, каде што е xoспитализиран британскиот премиер Борис Џонсон откако му се влоши состојбата десет дена откако му беше дијагностициран Ковид-19, велат дека тој е во подобра состојба отколку другите слични пaциенти кои се лекуваат од коронавирус.
Од болницата велат дека Џонсон не бил интубиран (кога се инсертира цевка во душникот поради вентилација на белите дробови), но потврдуваат дека Џонсон бил на интензивна нега и имал потреба од кислород. Поточно, му биле дадени 4 литри кислород, што е под нормалното ниво за интензивна нега, кое изнесува 15 литри.