Борел ја обвинува Лајен за целосно произраелски став

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел ја обвини претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен дека „зазема целосно произраелски став.

-Геополитичката цена на патувањето на Фон дер Лејен (во Израел), каде таа зазеде целосно произраелски став и не претставуваше никој друг освен себе во меѓународната политика, беше доста висока за Европа, наведе Борел во интервјуто за шпански весник „Ел Паис“.

Борел го критикува досегашната политички став на ЕУ и поради руско-украинската војна и поради израелските напади врз Појасот Газа.

– Поради политиката на Западот се приближува ураган … Путин и Трамп сè уште не победија, но би можеле. Европа мора да се разбуди пред да биде предоцна, посочи Борел.

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас
- Реклама -