Борбата против системот низ литературата

„Системот ќе победи во моментот кога ќе успее да ги убеди луѓето да паднат во љубов со својот затвор“.

large

Може една личност или група на луѓе да се борат за слобода – и да победат?

Можеби  одговорите на овие прашања ги имаат познатите писатели на XX и XXI век.

tumblr_n0xycv738y1szmrlyo1_500

Погледнете неколку предлог книги на оваа тема:

Кафка – Процес

ProcesKafka.jpg

Во своето дело „Процес“, Франц Кафка ја опишува судбината на една обвинета личност во светот на институциите и нејзината агонија при талкањето низ лавиринтот наречен бирократија. Извонредна алегорија за апсурдната борба на поединецот за зачувување на својот интегритет во машинеријата на институциите и шпекулациите кои се обидуваат да ја разградат личноста. Наметнување на вина за случај базиран на сплет од околности кои заедно креираат димензија на испланиран, координиран хаос. Преку најразлични психолошки методи, со обвинувања и заплашувања, се создава слика на безизлезна состојба во која некој мора да ја превземе одговорноста. Влијанието на насоченото јавно мислење станува фатално при пресметката на таа одговорност.

Олдос Хаксли – Храбар нов свет

Храбриот нов свет е утопија, во која луѓето се среќни, здрави и технолошки напредни. Друштвото е хедонистичко и има за цел да ја постигне среќата преку промискуитетен секс и дрога, а постигнувањето на среќата е потпомогнато со елиминирање на заедничките извори на човековата несреќа – семејството, уметноста, литературата, религијата и философијата. Главниот лик на делото е Џон Дивјакот, лице кое е родено во примитивен резерват на Светската држава.

Чак Паланиук- Боречки Клуб

Боречки клуб - Бред пит

Иако приказната е повеќе позната како филм со Бред Пит во главната улога, филмското остварување е адаптирано на новела од Чак Паланиук.

Оваа книга зборува за главниот проблем со кој што нејзиниот главен протагонист се соочува – несоницата. Тој, откако по советување од неговиот доктор се запознава со природата на овој проблем, одлучува решението да го побара на средбите меѓу анонимни луѓе кои патат од најразлични сериозни болести. Таму ја запознава девојката Марла поради која инсомнијата му се враќа сѐ до оној момент кога во неговиот живот влегува човек по име Тајлер и со него започнуваат да водат боречки клуб.

Џ. Д Селинџер – Игра во ‘ржта

Rye catcher.jpg

„Сега постојано замислувам многу мали дечиња како играат во едно големо житно поле. Илјадници мали деца, а во близина нема никој… никој возрасен, мислам… освен мене. А јас стојам на самиот раб од една страшна бездна. Што ми е должноста, треба да го уловам секој кој ќе се залета кон бездната, сакам да кажам, ако некој трча не гледајќи каде оди, јас треба да се појавам од негде и да го уловам. Тоа е сѐ што треба да правам цел ден. Да бидам ловец во ’ржта. Знам дека тоа е лудо, но тоа е единственото што би сакал да бидам. Знам дека е лудо“.

извадок од романот

Евгениј Замјатин – НИЕ

We first ed dust jacket.jpg

“Ние” (на руски : “Мы” ) е антиутопичен роман на Евгениј Замјатин .

Завршен е во 1920 година и е објавен на руски јазик во скратена верзија истата година. Преведен е на англиски јазик за прв пат во 1924 година.

Романот претставува исклучително оригинална критика на тоталитарното општество.

Веројатно овој роман бил инспирација за создавање на романот ” 1984 “од Џорџ Орвел .

Кен Кејси – Летот над кукавичкото гнездо

OneFlewOverTheCuckoosNest.jpg

Романот на Кен Кeјси, „Лет над кукавичкото гнездо” бил напишан во 1962 година.

Романот  е приказна за психијатриска институција, репресивен систем, бунтовен дух и исплашени кукавици…

По истиот роман, во 1963 година, е направена претстава на Бродвеј, а во 1975 година е снимен еден од најдобрите филмови во американската кинематографија. Оваа универзална и повеќеслојна приказна, обликувана во најразлични адаптации и уметнички форми, се поставува на театарските сцени насекаде низ светот.

Ред Бредбери – Фаренхајт 451

Fahrenheit_451

 

Фаренхајт 451 e дистописки роман на Реј Бредбери од 1953 година. Романот говори за американско општество на иднината во кое е забрането читање на книги и критичко размислување. Во тоа општество постојат „пожарникари“ кои бараат и палат книги.

Името на романот е алузија на температиурата на самозапалување на хартијата. Романот претставува критички осврт на авторот на најважните прашања во американското општество во времето кога е напишан.

Бредбери вели дека неговиот роман не говори за цензурата, туку за тоа како телевизијата го уништила интересот за читање и довела до тоа на знаењето да се гледа како на полуинформација извлечена од контекст.

Џорџ Орвел – 1984

1984first.jpg

Илјада деветстотини осумдесет и четврта (англиски: Nineteen Eighty-Four), насловен и како 1984 — роман напишан од англискиот писател Џорџ Орвел, објавен во 1949. Романот дава слика на замислената иднина и го опишува животот на Винстон Смит, во хипотетичката иднина, во 1984 година. Станува збор за дистописки роман, во кој се опишува светското уредување во иднината. Имено, дејството се одвива во денешна Англија (во книгата дел од Океанија) за време на диктатурата на „паријата“ на „Големиот брат“.

Романот станал многу познат и некој изрази се користат во говорот дури и денес. На пример, познатиот израз „Големиот брат те гледа“ влече корени токму од овој роман.

 

- Реклама -