Бонтонот не е ништо повеќе од група правила кои сите се сложуваме да ги следиме за да имаме почит кон другите. Лесно е да бидете невнимателни додека зборувате на мобилен телефон. Луѓето не се ни свесни кога зборуваат прегласно на јавни места, што полека преоѓа во еден вид социјален варваризам.

Со цел да ги користиме телефоните според нивната намена, но без да бидеме нељубезни кон околината, еве неколку правила кои веруваме ќе ги прифатите и применувате.
1. Снижете го вашиот глас додека зборувате во јавност
2. Одбегнувајте лични теми кога другите слушаат
3. Доколку не е итно, одбегнувајте повици додека разговарате со некого лице в лице
4. Доколку се јавите на повикот, побарајте одобрување од луѓето во ваша близина
5. Одбегнувајте пишување на СМС пораки додека разговарате лице в лице
6. Ставете го ѕвонењето на телефонот на „тивко“ додека сте во театар, кино или ресторан
7. Не го вклучувајте светлиот екран на телефонот во темни места како театар и кино
8. Не зборувајте додека возите автомобил (казните се големи!)
9. Потврдете ја латенцијата (доцнењето на сигналот) за да не звучите непристојно во разговорот (кој најверојатно ќе се преклопува)
10. Не ја обвинувајте другата страна доколку повикот се прекине
11. Избегнувајте да пребарувате низ вашите работи додека разговарате
12. Побарајте одобрување од лицата кои ги означувате со име и презиме (tag) во фотографиите на Facebook
13. Со појавата на нова функција за синхронизација на контактите во мобилниот со фотографијата од нивниот профил на Facebook, внимавајте какви фотографии поставувате на вашиот FB профил