Бомба од Втора светска војна завршила на депонија за рециклажа

Активна бомба од Втората светска војна, сосема случајно е транспортирана од едниот до другиот крај на Германија, завршувајќи на отпад за рециклажа, каде што, за среќа, е прописно уништена.

Според полицијата во сојузната покраина Саксонија, бомбата била долга 1 метар, а имала пречник од 40 сантиметри. Стигнала во рециклажниот центар во Дојцен заедно со останатиот отпад кој пристигнал од Келн. Незабележана, бомбата поминала пат од 480 километри.

При деактивацијата од стручниот тим, евакуирани се стотина луѓе, во радиус од 1 километар околу депонијата. Бомбата е успешно деактивирана.

Иако се поминати 70-тина години од Втората светска војна, ширум Германија сè уште често се наоѓаат преостанати бомби.

Прочитајте и:  Саботажа? „Длабока загриженост“ во Германија и Финска, оштетен подморски телекомуникациски кабел што ги поврзува двете земји
- Реклама -