Страшни сцени беа забележани на дерби натпреварот од кипарското првенство меѓу екипите на Анортозис и на Омонија, на чија клупа е македонскиот тренер Тони Савевски.
Гостинските навивачи во моментите кога на еден од играчите од домашната екипа му се пружаше медицинска помош фрлија топовски удар на терен кој повреди неколку фудбалери од двата тима, како и членови на лекарскиот тим!
{youtube}g43JDXFXQ7I{/youtube}
Двајца фудбалери биле пренесени во локалните болници на дополнителни интервенции како последица на „огнениот удар“.