Најбрзиот човек на денешницата, Усеин Болт, го запиша своето име во историјата на светската атлетика успевајќи да биде првиот атлетичар кој го одбранил олимпиското злато на 200 метри.
Во извонредното финале на една од најбрзите атлетски дисциплини, Болт го предводеше триото од Јамајка кое забележа феноменален успех освојувајќи ги сите три медали. Постигнувајќи еден од најдобрите резултати во историјата на трките на 200 метри, 19,32 секунди, Болт стигна до златниот медал пред сонародникот Јохан Блејк кој истрча со време од 19,44 секунди, а на третото место заврши уште еден атлетичар од Јамајка, Ворен Вир, со време од 19,84 секунди.
{youtube}SIKTxKYizTk{/youtube}
Иако во пресрет на Олимписки игри му парираше, па дури и успеа да го победи, Јохан Блејк не можеше до крај да ја издржи битката со Болт. Светскиот рекордер излезе со мала предност по свиокот, но потоа додаде „гас“ и на крајот убедливо триумфираше, бранејќи ја својата круна.