Бразилија, 17 септември 2021 (МИА) – Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, изјави дека следната недела ќе се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, иако не бил вакциниран.
Канцеларијата на градоначалникот на Њујорк претходно соопшти дека сите учесници на Генералното собрание на ОН ќе мора да поседуваат доказ за вакцинација за да можат да влезат во салата за дебати, која е класифицирана како конгресен центар.
Меѓутоа, генералниот секретар на ОН – Антонио Гутереш, изјави дека не може да им наметне такво барање на шефовите на државите.
На почетокот на пандемијата, Болсонаро го опиша коронавирусот како „мал грип“, а во април изјави дека ќе биде последниот Бразилец кој ќе се вакцинира бидејќи веќе прележал Ковид-19.