Жена од Зимбабве, која тврди дека веќе трета година е во интимна врска со сопствениот син и со него чека дете-внук, сака да скопи заеднички брак.
Имено, Бети Мбереко барала од старешината на селото Мабинго во кое живее да им дозволи да се венчаваат, затоа што се многу заљубени.
Оваа жена започнала инцестна врска со синот Фраијем Мбереком кога тој имал 20 годии, а објаснува дека вложила многу пари во образованието и иднината на својот син, за сега да дозволи друга жена да го има.
„Пуштете ме да уживам во резултатот од својот труд и пот, му објаснила таа на старешината од селото, образложувајќи ги причините за бизарното барање.
Тие, меѓутоа, одбиваат да дозволат таков брак затоа што би можел да донесе „несреќа“ на останатите селани и затоа бараат мајката и синот да ја преќинат врската или да го напуштат селото.