Мадс Гилберт, е болничар по потекло од Норвешка, кој што секојдневно спасува животи во болницата Шифа во појасот Газа.Тој напиша писмо до американскиот претседател Барак Обама каде раскажува за страдањата и загубените животи на цивилното население во регионот.
„Изминатата ноќ беше екстремна. „Копнената инвазија“ врз Газа резултираше со мртви, крвави, распарчени и тешко повредени Палестинци од различна восраст, сите цивили, сите невини…Хероите во клиниките и болниците на Газа работат во смени од 12 до 24 часа, бледи се и изморени вложувајќи надчовечки напори со цел да спасат што е можно повеќе човечки животи.Тие се грижат, се обидуваат да бидат разумни во овој хаос од безживотни тела од сите големини и возраст, од оние кои може да одат и оние кои се неподвижни, оние кои крварат и оние кои веќе искрвариле, оние кои дишат и оние кои го издишале последниот здив. Луѓе… Сегашната „најморална армија на светот“ ги третира овие луѓе како животни. Мојата почит кон ранетите нема граници, во нивните обиди да помогнат и покрај големите болки, патења и шок, мојата почит кон лекарите нема граница. Мојата близина со Палестинците во овие моменти ми дава сила, иако многупати сум посакал да врискам и силно да гушнам некој, и со прегратка да заштитам дете кое е прекриено со крв. Но тоа не можеме да си го дозволиме, а не можат ни тие. И повторно стигаат десетици повредени. Се уште во клиниките имаме локви крв. Чистачите со лопати ја собираат крвавата облека, парчиња човечки ткива, коски на убиени… И сето тоа со цел да бидеме подготвени за следниот ден, за следните жртви. Повеќе од 100 лица примивме во изминатите 24 часа во нашата болница Шифа. Тоа е премногу и за најдобро опремените болници, но ние овде немаме струја, вода, лекови, кревети, инструменти, операциони сали, монитори… Сè е нефункционално бидејќи опремата е донесена од музеите на старите болници. Но, овие херои не се жалат. Тие одлучно продолжуваат со својата работа, исто како големите борци. И додека ви го пишувам писмово, токму во овој момент, повторно почнува да свири израелскиот воен оркестар и ја почнува својата одвратна симфонија. Токму сега, ракетите на израелската морнарица слетуваат на брегот, над нас летаат авиони Ф – 16 и хеликоптери Апачи. И сè тоа е направено и финансирано токму од САД. Господине Обама, имате ли вие срце? Ве повикувам да поминете само една ноќ со нас во болницава. Уверен сум дека вашиот престој ќе значи и промена на историјата. Никој кој е со срце и толку голема моќ не би можел да си замине од болницата Шифа, а да не остане одлучен во намерата да го запре крвопролевањето врз палестинскиот народ. Но оние без срце, немилосрдните, повторно испланираа напад врз Газа. Реките крв ќе продолжат да течат и во текот на оваа ноќ. Слушам дека веќе ги активираа своите инструменти на смртта. Ве молам, направете сè што можете. Ова, ова не може да продолжи вака…