За три дена шопинг во Милано, Италија, сега првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски и неговата мајка Јасминка, за шопинг во февруари 2019 година, според документите кој ги приложи ОЈО, за три дена потрошиле точно 148.052 евра.
Обвинителката Ивана Трајчева прочита серија сметки за „tax free“ кои беа во износ од 3.605 евра, 890 евра, 9.880 евра, 675 евра, 9.570 евра, 5.800 рвра, 7.980 евра, 9.915 евра, 7.865 евра, 1.440 евра, 2.535 евра, 14.820 евра, 14.965 евра, 10.430 евра, 26.800 евра, 6.680 евра и ред други.
Во понатамошниот тек на денешниот процес беа презентирани одредени комуникации помеѓу Бојан Јовановски и неколку лица.
Па така на 5 февруари лани пратени се фотографии од страна на Бојан Јовановски кон Катица Јанева. Сликите се од мебел во кој тој и пишува дека „завршена е работата, ги одбрав“.
Повеќе на Слободен печат