Боки 13 уaпceн на граница при излез од државата

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, попладнево е уапсен на граничниот премин „Богородица“ при обидот да излезе од државата, а по налог на Јавното обвинителство Скопје, дознаваат медиумите.

Уапсен е поради сомневање за рекет и изнуда, дознава порталот „Фактор.мк“.

Според нивните информации, во еден скопски ресторан приведен е и бизнисменот Зоран Милески, познат како Зоки Кичеец, кој е близок со ексдиректорот на УБК – Сашо Мијалков.

Бојан Јовановски, инаку, подолго време се претставува како сопственик на телевизијата 1ТВ, иако според официјалните документи тоа е неговиот татко.

Новинарот Бранко Героски минатиот месец објави серија текстови со измислени ликови за наводен рекет на медиумски газда врз бизнисмени и политичари, потсетува „САКАМДАКАЖАМ.мк“. Боки 13 призна дека се препознал во текстовите, но ги демантираше шпекулациите.

Обвинителството деталите ќе ги соопшти во 16.30 часот.

ОБНОВЕНО: Јовановски не е приведен, туку тие побарале да биде задржан за понатамошно испрашување, објасниле од Обвинителството за „НОВА ТВ“.

- Реклама -