Боки 13 не потрошил ни денар за мебелот што ѝ го запленија на Катица

Долговите од илјадници евра Боки 13 бесрамно ги наталожил така што веќе подолго време купувал, а не плаќал. Како „платежно средство“ Бојан Јовановски го користел токму пријателството со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а омилен одговор кога ќе му побарале пари му бил: „Знаете ли вие со кого јас се познавам?“, објави „А1он“, повикувајќи се на извор близок до телевизијата 1ТВ, на која Боки 13 е неформален сопственик.

Според информациите на „А1он“, Боки 13 не го платил ниту мебелот од нешто помалку од 300.000 денари кој беше запленет како доказ за „Рекет“ од домот на Јанева на денот на нејзиното приведување. Боки, од друга страна, сепак го платил парфемот од 800 евра кој ѝ го подарил на специјалната јавна обвинителка.

Иако марката на парфемот не е наведена, според истражувањето на цените на женските парфеми, „Женски магазин“ дојде до заклучок дека се работи за „Joy“ (во превод: „радост“), од Jean Patou. Како што пишува магазинот, се работи за еден од највисоко рангираните парфеми, кој е направен од 10.000 цветови на јасмин и 336 рози. Фото и повеќе детали за парфемот – ТУКА. Повеќе за останатите предмети кои Боки 13 не ги платил – ТУКА.

 

- Реклама -