Боки 13 имал и друга невладина, на сметката на деловната партнерка лапнале 260.000 евра

Пред да ја формира „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски ака. Боки 13 ака. Боки Тредичи имал и друга, претходно основана невладина организација – „Интернационална асоцијација за заштита на човековите права“ (ps. што е следно, невладина „Обединети нации“?).

И преку оваа организација, преку која наводно планирал да гради станови за сиромашни млади лица, изнудувал пари по истата шема, објавено е вчера во емисијата „Код“ на ТВ „Телма“, пренесува „МКД.мк“. Преку истата, заедно со својата деловна партнерка со која здружено ги убедувале бизнисмените околу нивниот проект, познанствата со власта и можност за грантови од европски фондови, Боки 13 добил 260.000 евра на сметката на партнерката од една скопска градежна фирма која наседнала на шемата. Повеќе детали на „МКД.мк“ (тука), или во емисијата „Код“ на Youtube (тука). 

 

- Реклама -