Боки 13 донесен во Обвинителството, но исказ ќе даде другпат

Бојан Јовановски нема да се брани со молчење, но ќе почека со исказот, потврди неговиот адвокат Сашо Дуковски, откако во меѓувреме од неофицијални информации неколку медиуми објавија дека одбил да говори пред Вилма Русковска, каде што денеска напладне беше повикан за првпат од почетокот на истрагата за случајот „Рекет“.

Како што објаснува Дуковски за „а1он“, од Боки 13 било побарано да даде изјава за основаните сомневања и доказите против него во ист ден кога добил и известие за завршена истрага, иако тој и адвокатот појма немаат какви докази има против него, затоа што досега не им бил овозможен увид. Тоа ќе им биде овозможено од среда во 12 часот, а исказ Боки 13 дефинитивно ќе даде во наредните денови, откако истите ќе ги разгледа, рече Дуковски, кој алармираше и за здравствената состојба на првоосомничениот, која, според него, е животнозагрозувачка. Повеќе детали ТУКА.

- Реклама -