Научниците од Универзитетот во Вермент утврдија дека бојата на очите е поврзана со предиспозициите на човек кон алкохолизам, пишува American Journal of Medical Genetics .
Излегува дека од зависност кон алкохол најмногу страдаат луѓето со сини очи.
Авторите на истражувањето анализирале генетските податоци на повеќе од 10 илјади луѓе, со тоа што секој од нив страдал од барем едно психичко растројство: депресија, шизофренија, наркоманија, алкохолизам. Ова се сериозни нарушувања и постојат многу гени, како и фактори на околината, кои придонесуваат за нивното настанување.
Од сите учесници во експериментот имало 1263 лица кои страдале од алкохолна зависност. Научниците утврдиле дека постои врска помеѓу предиспозицијата кон алкохолизам и сината боја на очите.
Освен тоа, во ризична група влегуваат уште и луѓето со зелена боја на очите.
Според стручњаците, добиените податоци се објаснуваат со генетски фактори: деловите од ДНК, кои ја одредуваат бојата на очите се поврзани со “гените на алкохолизмот.”