Девојки подгответе се: Бојан Маровиќ се сели во Скопје

Благодарение на студентските обврски и плановите да се префрли од Белград на Штипскиот универзитет, познатиот црногорски пејач Бојан Маровиќ одлучил да се пресели во Скопје. Имено, според пишувањата на порталот МММ, тој ја задолжил својата македонска менаџерска екипа да му најде стан под кирија во централното подрачје на главниот град, за да може подолго да престојува во нашата земја. Маровиќ кој со години живее и студира во Белград, одлучил да ги даде последните два испити и завршната дипломска работа во Македонија.

- Реклама -