Бојан Јовановски повторно во бoлницa, потребна му е специјална храна

На првообвинетиот и второобвинетата во случајот „Рекет“ денеска (фигуративно) им се разминаа патиштата. По четиридневен престој во болница, екс-специјалната обвинителка, во стабилизирана состојба, беше вратена во притвор во Шутка.

Спротивно од неа, во болница беше пренесен првообвинетиот Бојан Јовановски, повторно поради проблеми со желудникот. По интравенозната терапија тој повторно е вратен во затворот Скопје во Шутка, но со препораки за соодветна терапија која треба да ја прима и кај затворскиот доктор.

Директорот на „8 Септември“ – Христијан Костов, за „Телма“, вели дека очекува ваквите здравствени проблеми на Боки 13 и натаму да се повторуваат и додава дека по опepaција на желуник, како кај Јовановски, потребно е пациентот да прима специјална храна.

Уште при сослушувањето на Бојан Јовановски пред Апелација, неговиот адвокат Сашо Дуковски изјави дека неговиот клиент практично нема желудник, што е резултат и на неуспешните опеpaтивни зафати при кои му бил повpeден нерв. Тој тогаш истакна и дека варијантата Јовановски да ја добие потребната xocпитализација ќе ја чини државата далеку поевтино отколку честите патувања на неговиот клиент од притвор до болница и назад. Боки 13, пак, порача дека за да ја докаже вистината во случајот мора да биде жив, а не мpтов, жалејќи се дека здравјето му е во животнозагрозувачка состојба.

Јовановски итно беше пренесен во болница и на денот кога требаше конечно да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска. Тогаш екипа на Брзата помош, со помош на полициската придружба, на количка го изнесе од просториите на Обвинителството, во видно лоша состојба.

- Реклама -