Дури и изборот на лак за нокти може да открие скриени црти за личноста. Дознајте кој избира црвен, жолт или розов лак.
Црвен лак: Мистерија и гламур
Црвената, традиционално, е бојата на гламурот. Иако девојките имаат можност да експериментираат и да пробуваат разновидни нијанси, повеќето се враќаат на црвената, кога е во прашање маникирот. Таа е најчестиот избор на жените што сакаат вниманието да го насочат кон себе.
Син лак: Незапирливи сте
Забавните и жените подготвени да експериментираат, отстапуваат од нормите лакирајќи ги своите нокти со некоја нијанса на син лак. Не е важно дали е во прашање темносина или пак кралско-сина боја, затоа што секако ќе го привлече вниманието кон себе.
Бордо: Софистицирани сте
Темна, како бојата на виното, бордо бојата е, всушност, комбинација на традиционално црвената и модерната розова боја. Со други зборови, важи за „висока мода“ меѓу лаковите.
Лак со светки: Модерна девојка
Технологијата толку напредна, што сега постојат лакови со различни додатоци, светки, ѕвездички и срциња. Така што, можете сите нокти да ги налакирате со овие екстравагантни лакови, или, пак, само еден нокт на секоја рака. Во секој случај, нив ги нанесуваат само модерните динамични жени, што сакаат да бидат забележани.
Златен лак: Интригантна личност
Металик-боите често се „ин“ или „аут“ во светот на модата, а ова важи и за лаковите за нокти. Тие се предизвик и за личноста која има такви нокти, но и за оној кој набљудува.
Неутрален лак: Личност на која може да се потпрете
Изборот на „незабележителните“ тонови карактеризираат личност која е стабилна и секогаш држи до себе. Овие лакови се многу практични бидејќи траат долго.
Зелен лак: Динамична жена
Зелената е многу комплексна боја која можете да ја користите на безброј начини. Има толку многу убави тонови на зелената боја, што, доколку ви е омилена боја, можете да ја користите во неверојатно многу ситуации. Тоа е силна боја со многу моќ.
Портокалов лак: Безгрижност
Како и жолтата, портокаловата е боја која привлекува внимание. Топла е и егзотична.
Виолетов лак: Креативност
Виолетовата боја и сите нејзини нијанси се најкретивните бои од палетата. Тоа е сложен микс од црвена и од сина, и ја избираат луѓе кои сакаат уникатност и креативност.
Жолт лак: Оптимист по природа
Оваа боја се врзува со топлина и со сонце. Воочлива е и не може да ја игнорирате, особено ако изберете нијанса како канаринец. Кога ќе ги налакирате ноктите како да велите: Јас сум среќна и отворена кон сите на светов!