Богатите европски земји се прашуваат: Зошто Романија, Бугарија, Албанија и Грција имаат помалку cмpтни случаи од Ковид-19?

Три месеци по почетокот на корона-кризата во Европа, станува јасно дека посиромашните земји на стариот континент ги „победија“ побогатите, констатира италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, пренесува бугарската агенција БГНЕС.

Во статија со наслов „Коронавирусот во Европа: Зошто Романија, Бугарија, Албанија и Грција имаат помалку cмpтни случаи“, италијанскиот весник како една од главните причини за ваквите позитивни резултати на Балканот го посочува тоа што понеразвиените држави порано вовеле построги мерки.

„Среќа? Можеби. Веројатно помалку заразени луѓе си заминале за Централна и Источна Европа во клучните недели на јануари и февруари“, пишува весникот, посочувајќи уште еден можен фактор за поблагиот биланс на пoчинати, особено во споредба со Италија.

Во текстот, меѓутоа, се посочува и нешто друго. Според податоците, пишува весникот, некои држави беа сосема свесни за степенот на (на)развиеност на своите здравствени системи и затоа не ја потценија ситуацијата во Шпанија и Италија, туку се решија да воведат строги мерки уште во раната етапа.

Како клучен датум кога источна и западна Европа тргнаа кон различен исход, весникот го посочува 15 март. Тогаш Италија регистрираше 1.809 пoчинати од Ковид-19 и 24.000 заразени, Шпанија регистрираше 294 пoчинати и 7.988 заразени, а Франција – третата најзасегната, регистрираше 127 cмpтни случаи и 5.423 позитивни на коронавирус. Останатиот дел од Европа, меѓутоа, сметаше дека е незасегнат, се посочува во статијата.

Многу држави во Европа молчаливо се coмневаа дека епидемијата во јужниот дел на континентот е резултат на недоволната организација во тие земји, се вели понатаму во текстот, по што се наведени индексите на Универзитетот во Оксфорд, кој ја следеше реакцијата на државите низ светот во однос на предизвикот од Ковид-19.

Оценувајќи ги со индекс од 1 до 100 – како највисока оценка, универзитетот ја оценува Албанија со високи 84 „поени“, Словачка – со 71, Романија – 67, Полска – 60, Унгарија – 59, Грција – 57.

Ситуацијата во богатите држави е поинаква: Германија доби 37, Франција – 50, Белгија – 53, а Велика Британија – 11.

За потсетување, затегнувањето на мерките во Западна Европа почна кон крајот на март – 10 дена откако стана јасно дека епидемијата нема да се задржи само на Италија и Шпанија.

 

- Реклама -