Во својот нов проект „Unequal Scenes“, фотографот од Кејптаун – Џони Милер, користи дрон за да ја прикаже нееднаквоста меѓу луѓето во Јужноафриканската Република.
„Дискрепанците во тоа како живеат луѓето некогаш е тешко да се видат од земјата. Убавината на тоа да можеш да леташ е да ги видиш нештата од нова перспектива – да ги видиш какви што навистина се. Гледајќи право надолу од висина од неколку стотици метри, стануваат видливи неверојатните слики на нееднаквоста“, пишува фотографот.
Некои од овие поделени заедници во ЈАР се создадени помалку или повеќе „природно“, но некои се дизајнирани токму со идејата на поделеноста меѓу главните концепти. Ова е резултат на Апартхејдот, кога расната сегрегација беше спроведувана од самиот закон. Иако овие полиси беа елиминирани пред 22 години, многу од денешните бариери, како и нееднаквоста од тоа време, сé уште постои.