Богата торта со глазура од топено чоколадо

Во богатиот „амбасадор“ на торти се наоѓаат и омилените желе бомбомни, но и ароматичните карамелизирани лешници кои даваат декоративен изглед.

, Image: 112463608, License: Rights-managed, Restrictions: Not available for license and invoicing to customers located in France. Not available for license and invoicing to customers located in Italy. Not available for license and invoicing to customers located in Belgium., Model Release: no, Credit line: Profimedia, Corbis

Состојки:

10 јајца

14 лажици шеќер

малку сол

5 лажици какао во прав

10 лажици брашно

кесичка прашок за пециво

Фил:

7 дл. млеко

7 лажици шеќер

8 лажици брашно

250 г. маргарин или путер

150 г. шеќер во прав

250 г. исецкани желе бомбони

Глазура:

250 г. чоколадо

2,5 дл слатка павлака

Подготовка:

Изматете ги белките во цврст снег. Додадете шеќер, жолчки, сол и какао. Во оваа пенеста смеса додадете брашно помешано со прашок за пециво. Во голема тепсија ставете ја смесата и печете на 180 степени околу 20-30 минути. Повремено со чечкалица проверете дали тестото е печено – кога не се лепи за чечкалицата, односно кога ќе остане сува, кората е готова. Оставете кората да се олади и ладна пресечете ја за да добиете две.

Сега подгответе го филот така што ќе ставите млеко да се вари. Одвоите и една шолја млеко, во неа ставете брашно, измешајте да биде еднолично и додадете млеко кое се вари. Внимателно мешајте да не се создадат грутчиња. Во веќе густата смеса додадете шеќер и кога сето тоа добро ќе се зготви, оставете да се олади филот.

Соединете го добро изматениот путер со шеќер во прав, па и тоа додадете го во студениот фил и сето тоа добро соединете го. Во филот на крајот ставете и желе бомбони и измешајте. Филувајте ја тортата, а на последната кора покрај филот ставете и глазура од топено чоколадо и слатка павлака. Украсете ја тортата со лешници и ореви по желба.

- Реклама -