Богат ручек за 15 минути: Лосос со лук и домати

Мислите дека ако сакате да имате лосос на трпезата ви се потребни пари, време и посебни вештини за готвење? Се лажете! Потребни ви се само 15 минути, неколку намирници, многу зачини и ќе имате богат ручек на трпезата.

Состојки: 4 лососи од по 150-200 грама, 4 домати со средна големина, 2 лажици маслиново масло, бибер, половина лажица зачин црвена пиперка, 8 гранчиња мајчина душица, 4 чешниња лук

Salmon--tomato-salad-0050-1bda15f2-b478-4b62-93ec-b4525c7e5437-0-538x356

Подготовка: Ставете ги лососот и преполовените домати да се печат во загреана рерна. Попрскајте ги со зејтин и зачинете ги со сол и бибер. Лососот зачинете го со црвена пиперка и мајчина душичка, а на крај додајте го исецканиот лук. Печете додека лососот зарумени, а доматите омекнат (8 до 10 минути).

Добар апетит!

- Реклама -