Париз не е само Ајфеловата кула, Триумфалната Капија, катедралата Нотр-дам или светски познатата авенија Шанзелизе… Париз се и малите улички по кои можете да шетате со часови, уметничките квартови во кои можете пријатно да се „изгубите“ и кокетните кафулиња во кои владее слатка безвременост…
Фотографот Жан-Паскал Ребилат нé поканува токму на една таква фото-прошетка.