Боемски дух за пролет / лето 2015

Без разлика дали се работи за попладне во градот или пак ноќ на брегот на морето сите го сакаат лесниот и привлечен фустан.

Оној кој овозможува слобода, нежност и убавина, а ако е дополнително и практичен, дефинитивно заслужува да биде вашиот прв избор. Боемскиот стил секогаш ни бил страст, а во топлата сезона го обожуваме. Тој ни ја дава онаа летна слобода која што ја чекаме цела зима.

Една од главните трендови оваа пролет и наредното лето се токму фустаните во овој стил, кој е меѓу омилените поради практичноста и индивидуалноста. Тој претпоставува земни бои, со кое се изразува близината до природата. Тоа е бранот на 70-тите години, кои го поврзуваме со хипиците, бидејќи визиите се исклучително блиски и комплементарни. Дизајнерите ги избираат најелегантните, романтични и нежни елементи, за да создадат облека соодветна за градот и плажите.

Трендот е романтичен од најдлабоките корени и нè воодушевува со ткаенини, меѓу кои гледаме и транспарентни мини или макси фустани, панталони и блузи. Она што е специфично тука е тоа што облеката во никој случај не се лепи по телото, туку е широка и слободна . Боемскиот стил се карактеризира со секакви реси, везови, принтови на цвеќиња и животни.

Тоа е и одличен тренд за посета на фестивали и настани на отворено. Погледнете неколку примери.

Altuzarra
Altuzarra
Blumarine
Blumarine
Dries Van Noten
Dries Van Noten
Emilio Pucci
Emilio Pucci
H&M
H&M
- Реклама -