Бочварски: Градиме 700 социјални станови, на загрозените семејства ќе им се легализираат дивоградбите

„Во моментов градиме 700 социјални станови, ние сме социјална држава, имаме граѓани кои немаат услови за живот. Имаме и граѓани кои на диво изградиле мал дом или доградиле една соба и не можеме ним да им го рушиме единствениот покрив над глава, туку ќе пробаме низ легална постапка некако да им излеземе во пресрет“, изјави министерот за транспорт и врски – Благојчо Бочварски, во интервју на ТВ „Телма“.

Тој посочи дека други дивоградби, како поголемите објекти, или погони за работа, ако сакаат да се легализираат ќе платат за 50 отсто повисоки комуналии од она што требале да го платат.

„Сите оние кои ќе легалзираат обејкт ќе платат 50 отсто повисоки трошоци. Ако квадрат комуналии се 100 евра, сега ќе си платат 150 евра. Имавме закон порано и за едно евро можеше да се легализираат, но сега е поинаку. Имаме постоечки објекти, имаме индустриски капацитети нелегални… И сега, ако излеземе да ги рушиме, ќе мораме сите, но имаме дивоградби и од општествено значење и затоа подобро е да платат сега поскапо, отколку да се преземаат други постапки“, рече Бочварски.

- Реклама -