Близу четвртина од вакцините кои ни ги донираше Бугарија ќе бидат уништени бидејќи имаа рок на траење до 30 септември, потврдиле од Министерството за здравство за „САКАМДАКАЖАМ.мк“.
Бугарија, соочена со можноста дека сама ќе треба да ги уништува, ни донираше вкупно 51.480 дози вакцини од производителот „Фајзер“. Според Министерството за здравство, како медицински отпад ќе бидат уништени 13.000 илјади вакцини, што значи дека искористени биле речиси 38.5 илјади од донираните од страна на Бугарија..
Од Министерството за здравство за „САКАМДАКАЖАМ.мк“ не одговориле колку ќе чини уништувањето.
Повеќе ТУКА.